ПРИРОДНА СЕЛЕКЦИЈА - Чарлс Дарвин (1809-1882)
Еве како фунционира природната селекција.
Кога некој сака да изгради нешто сложено, како авион или брод, тој прво прави план. Овој план се вика нацрт. Нацртот ни покажува како треба бродот (или било што) да се склопи правилно.
Така, сите живи битија содржат свој нацрт. Тие содржат DNA.
DNA-то е долг ланец на молекули. Ќе најдете по еден во секоја клетка од едно живо битие. Ланецот го содржи нацртот за правење на живи битија од таа врста. Кога растенијата или животните се репродуцираат, ланецот на DNA, пренесен од родителите на потомството, е оној кој го обезбедува нацртот за новото битие.
Ланецот на DNA во новото битие се прави со копирање и спојување на деловите на ланецот од двата родители. Но, во процесот на копирање можат да се поткрадат и мали грешки.
Поради овие мали грешки во нацртот, битието произведено на негова основа може да биде незнатно поразлично од своите родители. Овие промени се нарекуваат мутации. Тие се случуваат сосема случајно.
Еве пример. Прост организам кој живее во морето може да има, како мутација, една клетка осетлива на светлост на својата кожа. И, оваа клетка би можела да биде многу корисна за организмот. Може да му дозволи да открие колку е длабоко во морето (колку е подлабоко, толку е помрачно). Значи, во оваа средина, таа мутација би му пружила блага предност над останатите организми од таа врста.
Некое друго од овие битија може да има, како мутација, посветло обоена кожа. Оваа мутација може да биде од голема штета за битието во таа средина, правејќи го повидливо за другите животинчиња кои би сакале да го изедат.
Секако, битието со мутацијата која му помага да опстане би било поспособно да се пари и репродуцира, од битието со мутација која прави помалку веројатно тоа да опстане и да се спари и да пренесе генетски код. Значи, поверојатно е следната генерација од тие организми, да содржи повеќе единки со светло-чувствителна клетка, а помалку од единките со светла кожа. Поверојатно е дека мутациите кои помагаат на организмот да преживее, ќе се пренесат на потомството, а оние кои опстанокот го прават потежок, ќе бидат избришани.
Со следните илјадници години, секакви разни мутации биле додавани на овој ланец и следните генерации полека се менувале. Тие постепено еволуирале, прилагодувајќи се на своите средини на живеење. Овој процес се нарекува природна селекција.
Како едно комплексно нешто како окото се појавило. Не се појавило од никаде, туку со илјадници години еволуирало и опстанувало поради фактот дека им помага на животните да се размножат. Можеби се почнало од една светло-чувствителна клетка, па се пренела на потомството, па по неколку години се слуичила повторно таква мутација, додавајќи уште една клетка, па уште една, па уште една... и со години и години се групирале се додека не створиле нешто комплексно како окото денеска.
што мислите, едноставно но генијално непобивливо нели???????