ne znaev kade,pa eve tuka...specijalno za Stefot!!!
Хистеричната Парис рикверц во затвор
Со солзи и мрсули и лисици на рацете, најпознатата лигла на светот е вратена во затвор. Судијата одреди дека 45 дневната казна мора во целост да ја помине зад решетки, а не во домашен притвор во својот дом.
"Аууу, ухухууу, ова не е праведнооо! Мамооо!" - се лигавеше 26 годишната наследничка на ланецот хотели Хилтон и миленичката на скандал рубриките на жолтиот печат додека ја носеа од сослушувањето на кое што без престан хистеризираше, плачеше, бришеше солзи и се тресеше.
Неколку часа претходно, кога не се појави на сослушувањето пред судот, по неа беше испратено полициско возило кое ја донесе на сослушувањето, заедно со бројните папараци и телевизиски екипи во автомобили и хеликоптери.
Понижувачкиот третман следеше како реакција на нејзиното пуштање од затвор во домашен притвор, наводно поради здравствени причини. Од доаѓањето, во затворот помина само 72 часа.
Судијата Мајкл Сауер, очигледно изиритиран од одлуката на шерифот да ја прати младата богаташка во куќен притвор, нагласи дека не бил запознаен со таа одлука и дека не ја одобрил.
Кулминацијата настана по нејзиното брзопотезно излегување од затвор, кога медиумите почнаа да се натпреваруваат во реметењето и погодувањето на "здравствените причини" за нејзиното ослободување:
"Се разболела од 'размазенобогататитис', или станала психички нестабилна по 72 часовен целибат" - вака ја реметеше Џеј Лено на NBC, засмејувајќи ја публиката.
Copy-Paste od Kajgana