Како теорија делува прилично занимливо и би го заинтригирало секој.
Ама да се примени патување низ времето во практика, искрено, не верувам и ми звучи како сценарио за филм од категоријата на научни фантастики.
Доколку би било возможно патување низ времето, тоа би имплицирало на фактот дека се е определено и детерминирано, и би можеле да се вратиме да видоизмениме одредени работи.
Она што е поминато е поминато и не може да се врати назад, постои само како идеја, меморија, мисловна именка.
Она што не очекува во иднина, е во зависност од нашето делување, идеализирање и дејствување во сегашноста.
Затоа, патување низ времето, еквивалент на фикција.
Барем јас така гледам на работите.