Купив две книги од саемот што беше во Битола, но сеуште ги немам прочитано бидејќи имав други обврски.
Моментално сум послободен и планирам да уште денес да почнам со читање. Инаку, насловите на книгите се:
- Човекот Господар на Своите Мисли од Орисон Марден
- Развивање на Психичките Сили од Вилијам Хјуит
Мој фаворит е првата книга Човекот Господар на Своите Мисли, знам дека ќе биде одлична и многу корисна книга и верувајте се исплаќа за вложените пари (само 160 денари).
Тема на книгата е како да научите да ги контролирате своите мисли, односно со позитивни мисли и контрола на умот до успех во својот живот.
Сега ќе ви напишам што пишува на задната корица на книгата - одприлика да имате представа за што станува збор.
- Практичен прирачник за врвна самоконтрола
- Како да се избришат мрачните мисли од подсвеста и да се насочат во позитивна насока
- Лошите мисли водат кон болести и неуспеси
- Како да се соочиме со стравот
- Силата на оптимизмот и самодовербата
- Како да се изгради силен карактер - позитивни мисли и самоконтрола
- Позитивни мисли носат успех и позитивно влијаат врз останатите
By the way, ова е мојот прв пост на форумов, бидејќи нов сум тука. Се надевам ќе имаме пријатно дружење и одлична соработка со сите Вас. Поздрав ;)