Не размислувам.
Знам.

Пороците константно се ударна новост во и кај медиумите,со тоа што се зема одредена шема на живот кај една групација на луѓе,па на база на ретки немарности кај одредни индивидуи,се создава масивен hype за да се предупреди пошироката јавност за постоењето на вакви девијантни групации.
Медиумите направија големи гревови на човештвото.
Прво,канабисот има лековити состојки,а може да се користи во повеќе намени.Поради бизнис причини,во минатото одредени медиумски моќници направиле таква помпа,па се создала Марихуана конспирацијата,за на крај судовите да ја забранат таа билка и да ја тргнат од широка употреба.
Во се што човекот конзумира има штетни и здрави елементи.Скоро и да не постои овошје без пестицид,ама пак јадеме овошје оти има витамини.Кофеинот некои викаат дека е штетен по желудникот,ама пиеме кафе бидејќи ни реставрира енергија и ни дава елан за да ја завршиме баш таа работа која без него не ќе сме можеле.Солта е катастрофална за очите,ама во неа има јод,без кој...хмм....би умреле од "дебеловратие".
Кога ме боли грло,пијам пиво и ми мине.Незнам зошто,ама никогаш не ме изневерило.Пивото,фактички е многу газирано,ама мене не ме дразни,туку ме смирува....и температура сум спуштил после две чаши пиво.
Ме интересира кој генијалец ја правел таа анализа во која Македонија е една од најконзервативните земји...тоа е неточно,барем гледано од глобални рамки.Забраната за пушење во јавни простории веќе децении е во сила кај американците,а и во Европа ја има одамна.Ние само го донесовме тој закон затоа што беше еден од бенчмарковите за нашето членство во ЕУ.
Исто и со законот за алкохолот.Во германија,после 18:00 часот се затвораат голем дел од продавниците,а тоа е времето во кое и се заклучуваат фрижидерите со пиво.По сила на европска легислатива,забрането е во земјите членки да се продава алкохол на малолетници и да се продава алкохол после 18:00 часот.Ние,од друга страна,имаме иницијатива времето за забрана на продавање да биде 21:00 часот,и има сериозни шанси тоа да пројде во Уставен Суд.Значи,не држи вода тоа дека ние немаме чувство за граѓанска слобода.
А медиумите и нивното плукање по алтернативата...пфф,ако треба да ме засега дека МТВ,телевизија пред банкрот морала да пополни програма со тоа што викнале некој дрканица од психолог,па овој серел за тинејџерите кои се опиваат по паркови,тогаш стварно ќе си признаам дека премногу ми е гајле за работи за кои ич уво не треба да ми чуе.
Медиумите имаат право да лаат,тоа им е работа.Ама со тоа не го менуваат правото на избор на секој човек каде ќе го мине времето и со каква супстанција.Бидете сигурни дека кај нас има доволно слобода секој човек,далеку поголема од западњакот,и за тоа треба да биде среќен.
Па јебига,Грција се сметаше за најконзервативна држава во Европа,па на Евровизијата пред неколку години(единствената која ја гледав досега) им дадоа 12 поени на Lordi,бенд кој за нас упатените во таа музика се метал кич и сељачаана,ама за манифестација како Евровизија,и за Грција како тогашна земја организатор,Lordi беа motherfucking,firejerking,goresplashing deathbreed fuckyouall's.
