Добредојдовте Гостин. Ве молам пријавете се или зачленете се.
01-08, 2010, 11:15:47

Автор Тема: Vardar  (Прочитана 273 пати)

0 Членови и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.

« пратена : 17-12, 2009, 12:04:57 »

gondor

  • Почетник
  • *
  • Репутација: +0/-0
  • Надвор од мрежа Надвор од мрежа
  • Порака: 53
  • Simply the best
Vardar
« пратена : 17-12, 2009, 12:04:57 »
Najgolemiot makedonski sportski brend Vardar..............koj go unistuva??
Сочувана

«Одговор #1 пратена : 17-12, 2009, 10:13:59 »

mALEFACTOr

  • Administrator
  • Супер Илузионист
  • *****
  • Репутација: +20978/-0
  • Надвор од мрежа Надвор од мрежа
  • Порака: 3.619
  • Don't know what I want, but I know how to get it
    • WWW
    • Email
Одг: Vardar
« Reply #1 пратена : 17-12, 2009, 10:13:59 »
Од најтрофеен клуб, со многу богато фудбалско минато во нашата држава дојде до клуб, кој на плеќи го носат млади фудбалери што се нафатија од љубов кон клубот да играат без никаков паричен надомест (сами како знаат и умеат се финансираат) и го одржуваат Вардар во живот до некои подобри денови. Оние силни сопственици и спонзори што со години само го грабаат Вардар, сега како да пропаднаа в земја. Единствени што останаа се Орце Камчев и навивачката група „Комити“, но прашањето е со каква цел и мотиви? Првиот, најверојатно, како што зборува фудбалската чаршија, има лични интереси и мотиви за пропаст на клубот (имал маркичка за зграда на местото на помошното игралиште). За потсетување е случката во која при појавувањето на можниот купувач на Вардар од Норвешка, наведениот господин ни приреди многу интересна игра на прибирање гласови од Собранието на клубот притоа земајќи му ги гласовите на господинот Костовски. Интересно!
Се прашувам дали сето ова кажува дека тој како „вљубеник на клубот“ има за цел клубот да пропадне?
Вториот нејасен играч во овој момент се навивачката група „Комити“. Тие како навивачка група сега во моментов го имаат најголемиот пакет на гласови во Клупското собрание. За неверување е тоа како влегоа во Собранието како навивачка група, а не како спонзори. Со веќе познатите настани од пред околу една година прво успеаја да го избркаат тогашниот спонзор Трифун Костовски (се прашувам кој стоеше во заднината на тие случувања?) за сега да го преземат раководењето на клубот заедно со споменатиот Камчев. Финансиски, како група навивачи, се немоќни да ги исполнат и основните потреби на клубот, но од друга страна имаат огромна желба за тренерско- директорската позиција во клубот. Имено, деновиве изработуваат список на играчи што треба да бидат избркани од Вардар!?
Па, не ли е тоа работа на тренерот и на спортскиот директор, а функцијата на навивачите е да го бодрат и сакаат својот клуб (како на натпреварот во Тетово), а никако да му создаваат и дополнителни проблеми, мешајќи се во изборот на играчите, тактиката и сл. Се прашувам ако и така играчки тенкиот Вардар по налог на „Комити“ - „Одбор за спас на Вардар“ остане без уште 5-6 играчи, кој тогаш ќе игра. Ќе мора да се земат играчи од младинската екипа, што значи Вардар уште повеќе ќе биде ослабен и ќе биде втор кандидат за испаѓање од Лигата. Дали, навистина, оваа навивачка група го сака Вардар и дали тоа се вистинските „Комити“ или, пак, и таа мала навивачка група се едни од уништувачите на Вардар. Жално но вистинито!
А во овој момент Вардар има навистина една млада и талентирана екипа, која треба максимално да се поддржи. Впрочем, целиот овој тим на Вардар е млад. Имаат исклучително надарен и млад тренер (Марио Вујович), кој своите модерни сфаќања на играта полека им ги пренесува на играчите што се гледа од фактот дека Вардар во последните 6-7 кола од ниедна екипа не е надигран, а поразите доаѓаат како резултат на несреќни околности и неискуството на играчите. На чело на тимот е и младиот спортски директор Драги Сетинов, кој, очигледно, има целосна доверба во работата на тренерот и на неговите млади играчи. Во едни вакви неуслови (играчите за 4 месеци имаат земено само по 200 евра, без терен за тренинг, без квалитетни топки за тренинг, без организирана исхрана, неплатени станови, без доктор и физиотерапевт и други слични потреби од основно значење) морам да заклучам дека Вардар и добро се држи. Но, сепак, Вардаровата приказна е крајно тажна. Тажно е што во раководните тела и Собранието на ФК Вардар по примерот на големите екипи ги нема еден Панчев (со години се обидуваше да се врати во својот омилен клуб, но грабливците наоѓаа начин да го оневозможат), Најдовски, М. Спасовски и други Вардарови легенди, кои, најверојатно, ги фатила летаргијата, па се максимално пасивни. Исто така, многу е интересно тоа што пред некој ден прочитав во весниците дека најголемиот број од пратениците во Собранието и политичките моќници навиваат за Вардар, но никој од нив не ни се обиде истиот Вардар да го оттргне од канџите на незаситните матни ликови, во последните десетина години. Во тие години сите што доаѓаа во Вардар, ветуваа, кажуваа, грабаа и си одеа. До кога ќе биде така? Зар нема некој во државава што може да го запре тоа, да ги казни тие што го уништуваат Вардар и да овозможи клубот да го водат вистински луѓе, кои знаат и умеат како се прави тоа во фудбалска Европа?
Вардар е нашето Македонско богатство, гордост и радост во безброј моменти. Вардар е БРЕНД, а Владата промовира заштита на марките во нашата држава. Па... повелете помогнете му и заштитете го клубот, сите ние вистинските љубители на фудбалот ќе ви бидеме бескрајно благодарни!
Еве еден поголем цитат од Златко Јанакиевски
Сочувана

«Одговор #2 пратена : 17-12, 2009, 12:57:30 »

gondor

  • Почетник
  • *
  • Репутација: +0/-0
  • Надвор од мрежа Надвор од мрежа
  • Порака: 53
  • Simply the best
Одг: Vardar
« Reply #2 пратена : 17-12, 2009, 12:57:30 »

do zbor e tocno..............ama sto da se pravi..........nikoj ne saka da investira vo najgolemoto od makedonija...........ako Vardar propadne progagja cela fudbalska liga vo Makedonija
Сочувана

Страници: [1]   Оди горе
« претходни следни »